Во Полициската станица Гостивар, 22-годишна жителка на гостиварско село, вчера околу 12.20 часот пријавила дека нејзиното поранешно момче Б.Д. (22) од Гостивар во повеќе наврати и барало пари, уценувајќи ја дека ако не му даде пари и златен накит на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии со компромитирачка содржина.

Б.Д. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде