Со 82 гласа „за“, и еден воздржан, и ниту еден против, Мухамед Сејдини е избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, на денешното генерално Собрание кое се одржа во Охрид.

Сејдини во последните неколку месеци ја извршуваше функцијата В.Д. по оставката на Илчо Ѓорѓиоски. Тој во минатото беше потпретседател на федерацијата.

Сејдини ќе биде на чело на федерацијата до 2021 година, кога истекува мандатот на делегатите на Собранието.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде