Жозе Мурињо кој веќе 4 месеци е без работа, извесен период е ангажиран од француската телевизија BeIN Sport, која е во сопственост на газдите на ПСЖ, да биде како стручен аналитичар.

Португалецот запрашан во едно од последните излагања на тв дебата, со кого сака да го види Манчестер Јунајтед во ЛШ, во четвртфиналето, Мурињо даде доста опширен и интересен одговор, односно предвидување.

„Би сакал да видам англиски пресметки меѓусебни, без некои преферирања. Би сакал да гледам две класика на англиските екипи во четвртфиналето, што би значело дека најмалку две екипи од Англија ќе патуваат во полуфиналето“.

„Мислам дека жрепка во видот на Сити против Јунајтед и Ливерпул против Тотенхем, би било нешто спектакуларно, фантастични мечеви. Мојот втор избор за пресметки во ЛШ би била двојката Ајакс против Порто, што би значело дека една од овие две екипи ќе влезе во големото полуфинале. Двете екипи беа одлични досега и мислам дека би било фантастично за нив да дојдат до полуфинале“, констатира Португалецот.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде