Ферари морале да го менуваат подот на своите болиди пред квалификациите во Франција на патеката „Пол Ришар“.

Матиа Биното изјави дека тимот очекувано имал тешка трка на Пол Ришар и дека е разочаран со тоа што новиот пакет на измени не одреагирал како што било планирано во гаражата претходно.

„Очекувавме тешка трка во Франција. Знаевме дека оваа патека е доста слична како онаа во Барселона. Поради тоа реално не очекував дека ќе го намалиме гапот или разликата кон Мерцедес. Имавме нов под на болидите веќе во петокот, а штета е кога ќе донесете нов пакет промени и на крајот тоа се покаже дека не чини, но од друга страна има и подобрувања. Мислам дека се уште не сме добиле одговори на сите прашања кои не мачат. Некои од деловите повторно ќе ги тестираме во Австрија, за подобро да се разбереме. Поради тоа и ќе знаеме зошто овој пакет на промени не профункционира“, истакна шефот на Ферари, Биното.

Леклер заврши како 3. пласиран на подиум во Франција, додека Фетел беше 5 пласиран зад Верстапен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде