Полицијата уште трага по убиецот на 41-годишната Јасна Матиќ од Суботица која е пронајдена мртва среде улица, пред куќата каде живеела како потстанар.
Полицијата наводно смета дека таа не е случајна жртва, пренесува српскиот Курир за убиството кое го потресе и згрози регионот.
Жртвата била удрена со тап предмет, и била смачкана главата, а ќе се утврдува дали со чекан или секира. Лежела со часови крвава на улица додека ја пронашле.
Таа таму живеела со својот партнер.
– Никој не знае каде е тој, никој не го видел, ни соседите, велат извори од истрагата.