Покрај Арјен Робен и Робин ван Перси, Весли Снајдер е третиот славен Холанѓанец кој ја завршува својата кариера ова лето. Играше во Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, освои многу трофеи, беше и европски и светски првак со тимот од Милано заедно со нашиот Пандев, но дојде време да каже ДОСТА Е.

Интересно е тоа што Весли во иднина ќе биде во улога на амбасадор на Утрехт, клуб од Холандија, инаку никогаш не бил фудбалер на тој тим. Да кажеме на крај дека тој за Холандија настапи на 134 натпревари, постигна 31 гол, а беше светски вицешампион со својата земја на СП во Ј. Африка во 2010 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде