На паркинг простор на ул.“23-ти Октомври“ во Скопје, патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(35) од Скопје, удрило во двегодишно девојче од Скопје.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски каде му била укажана лекарска помош.

Подоцна детето им подлегнало на повредите. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде