Италијанскиот калчолигаш Џенова оди на продажба. Клубот за кој настапува најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ова лето треба да добие нов сопственик. Претседателот Енрико Пресиози, како што стои на официјалниот сајт на клубот, даде мандат на финансиска констултантска куќа да се обиде да пронајде адекватен инвеститор од интернационалец профил кој ќе инвестира и ќе го откупи мнозинскиот пакет акции во клубот.

Најголем дел од италијанските клубови веќе имаат интернационални партнери кои инвестираат огромни средства за нивното егзистирање и развој. Џенова исто така планира да тргне по тој пат, а најверојатно и ќе го задржи Горан Пандев уште една сезона во тимот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде