Приближно секој четврти член на Парламентот во светот е жена, се констатира во годишниот извештај на Интерпарламентарната унија, најстарата меѓународна парламентарна организација.Во документот на 50 страници се наведува дека во текот на 2018 година се зголемило учеството на жените во националните парламенти. На глобален план, тоа изнесува 24,3 проценти лани во однос на 23,4 проценти во 2017 година. За споредба, учеството на жените во праламентарните состави во 2008 година изнесуваше 18,3 проценти и 11,3 отсто во 1995 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде