Вчера кај базата на „Македонија пат“-Гевгелија, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.В.(26) од Скопје.

Возилото не застанало и во близина на село Грчиште, Ж.В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица-мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и 10 од Бангладеш.

Ж.В. бил предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде