Видео снимката на која руски полицајци удираат млада жена во стомак предизвикала бес на бројни Руси кои сметаат дека властите користат претерана сила за да ги растераат протестите кои со недели траат во Москва…

Видеото било снимено во саботата, а вчера го споделија голем број славни руски лица, со голем број следбеници на социјалните мрежи, по што стана вирално. Видеото го прикажува моментот како двајца припадници на интервентната полиција ја влечат Дарија Сосновскаја кон полициското возило.

Таа се обидува да се ослободи, на што двајцата полицајци одговораат со боксови во стомакот, а репортерот кој го сними инцидентот саркастично го нарече полицаецот „херој“. Московската полиција одби да го коментира инцидентот.

Но, протестантите понудија награда за оној кој ќе успее да го открие идентитетот на полицаецот кој бил поголем „удирач“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде