Во американската сојузна држава Кентаки се наоѓа ”тврдината” Форт Нокс, која е синоним за безбедност во целиот свет.

Нејзиното техничко име е ”United States Bullion Depository”, а името “Форт нокс” го превземала од поштата во близина.

Со други зборови, Нокс е всушност презиме на првиот американски министер за одбрана Хенри Нокс, а овој објект служи за складирање на американски резерви.

Изградбата започнала во 1935 година и чинела 560.000 долари. Во неа се наоѓа половина од американското злато, а сефот е дел од мрежата од шест институции кои ги заштитуваат. Други локации се наоѓаат во Њујорк, Денвер и Сан Франциско. Првото злато било префрлено во Кентаки со воз за што била одговорна американската пошта.

оа било единствениот начин да се обезбеди златото, бидејќи во тоа време таа била единствената агенција која ја прифати одговорноста во случај на губење на богатството.

Форт Нокс содржи кубици гранит, стотици километри квадратен бетон, 750 тони појачан челик и 670 тони обичен челик. Има два ката и огромна подрумска површина со големина од 32 со 36 метри.

Од надвор навистина изгледа како тврдина, а под нивото на земјата лежи комплексот на непробијни слоеви како и висока технологија преполна со шифри и кодови. Сефот се состои од челични плочи, кои се прекриени со бетон. Нема “слаби точки”, ниту начин некој да стигне до богатството.

Само вратите имаат 20 тони и целосно се отпорни на експлозии. Дебелина од 53 сантиметри и низ неа може да се помине само со шифра.

Вработените имаат комплицирани упатства за тоа како да влезат, а посетителите не се добредојдени со децении. Дури и Франклин Рузвелт едвај можел да влезе кога тој бил претседател.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде