Најстариот американски мафијаш, Џон Сани Франчезе, е жив доказ дека ни на 102 години не се откажува од правилата на Коза Ностра.

Долгогодишниот капо во семејството Коломбо се фали како никогаш не прифатил да стане кодош и поради тоа и на 100 години заглавил во затвор.

Сега е врзан за количка и живее во старечки дом, а зад решетки минал вкупно 50 години.

“Ми нудеа да кодошам, но не сакав. Не можев да ставам некој во затвор бидејќи знаев како е таму, тоа не е ни за кучиња”, вели Франчезе.

Поради својот незапирлив став, му влегол во очи на мафијашкиот бос Џон Готи, кој го нарекол “жестоко момче”.

Толку го почитувал кодексот, што со сложил со ангажирање на платени убијци за неговите синови кои станале кодоши.

Еден од нив, Џон Помладиот, бил озвучен и обезбедил докази против Коломбо и својот татко, кој на 93 години отишол повторно во затвор. “Срцето ми се скрши”, вели Франчезе.

На една снимка отворено рекол дека “убил многу луѓе, не 3-4 или 10”.

Иако е обвинет меѓу другото дека убил платен убиец, паднал поради наводен план за ограбување на банки ширум САД, за што вели дека е плод на заговор ид ека тоа никогаш не му било во план.

Осуден е на 50 години, но ослободен во 1978-ма година, и од тогаш во затвор бил уште 5 пати.

За судиите и обвинителите кои го пратиле таму вели “дека ќе се најдат во пеколот, но никогаш не наштетил на луѓе што биле невини”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде