Група од околу 20 маскирани лица, синоќа со камења и молотови коктели ги нападнаа полицајците задолжени за обезбедување на домот на министерот без ресор на Грција, Алекос Флабурарис.

Според грчките медиуми, при инцидентот нема повредени лица, а предизвикана е мала материјална штета на полициско возило. Полицијата при тоа привела 19 лица.

Домот на Флабурарис, што се наоѓа во атинската населба Ексархија, која важи за собиралиште на анархисти, и во минатото во неколку наврати беше цел на напади од маскирани лица.

Во врска со инцидентот, преку соопштенија реагираа и владејачката СИРИЗА и опозициската Нова демократија, кои го осудија нападот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде