Овој викенд во италијанската Серија А се игра големото дерби меѓу Наполи и Јувентус, двата состави кои се на првите две позиции во шампионатот.

Јувентус има голема предност од дури 13 бодови, па со евентуална победа може и да ја потврди новата титула иако и вака има огромна предност и ќе треба да се огромен пад за да наполитанците се вратат во игра за пехарот. Тоа многу добро го знае и искусниот Карло Анчелоти кој ја најави неделната пресметка на „Сан Паоло“.

-Табелата не лаже, Јувентус заслужува почит, тие се над просекот и ние сме многу просечни. Игравме погрешно на некои натпревари, ама имаме добра сезона. Јувентус ќе дојде тука да ја заврши трката за Скудетото, искористувајќи ги нивните карактеристики: цврста одбрана, контранапад, натпреварувачки дух и брзината на Кристијано Роналдо кој е многу мотивиран и фокусиран на тоа што треба да го направи. Тој е секогаш ист, не мора многу да кажувате, тој е еден од оние играчи што е подобро да се слуша, -истакна Анчелоти кој сепак верува дека Наполи има капацитет, потенцијал да го сруши Јувентус од врвот на италијанскиот фудбал.

-Наполи може и мора да биде во можност да се натпреварува со Јувентус, во спротивно не би дошол овде. Порано или подоцна ќе триумфираме, сигурен сум, -порача дон Карло.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде