Интересна случка денеска ни дојде од Хрватска, каде еден од младите играчи на Хајдук Сплит (јуниори), заработи црвен картон поради тоа што мислеше во моментов дека е Кристијано Роналдо.

Познато е како Роналдо прослави хет-трик против Атлетико Мадрид и пласман во четвртфинале во ЛШ, па тоа како да беше причина кај младите играчи кој попрво да го одглуми Роналдо со славјето.

Младиот играч Тино Блаж, заработи исклучување на мечот против Хрватски драговољац (3:1), поради тоа што имаше глума како Кристијано Роналдо (непримерно).

Судијата воопшто не се колебаше и веднаш му го покажа патот кон соблекувалните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде