Лука Модриќ тотално побудале на 18-годишниот Бразилец, Винисиус Жуниор по голот на Антоан Гризман на вчерашното мадридско дерби.

Тинејџерот беше виновен за него бидејќи ја загуби топката по која Атлетико направи контранапад и го израмни резултатот. Подоцна Реал постигна уште два гола, но остана моментот во кој хрватскиот репрезентативец тотално се изгуби. Камерите не го фатија тој момент во директниот пренос, но мадридските медиуми тврдат дека Модриќ потоа две минути му држел лекција на висок тон на својот помладе соиграч. Наводно, остро го навредувал се додека не дошол Рамос за да го тргне Модриќ настрана.Ова не е прв инцидент меѓу Модриќ и Винисиус сезонава. Во ноември Модриќ му удри рамо во лицето на 18-годишниот фудбалер за време на тренинг затоа што овој се однесуваше недолично.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде