Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, вчера одби да одговори дали е нејзин гласот во аудио-снимката, во која му вели на Орце Камчев, осомничениот во случајот „Империја“, да не се секира дека ќе биде се ОК.

„Морате да бидете стрпливи за тоа. Не смеам да го кажам тоа, бидејќи ова е истрага. Треба да знаете дека во истрага не се споделуваат информации“, нагласи таа.

Меѓутоа, веднаш по објавената аудио-снимка од италјанскиот медиум „Ла Верита“ се огласи Јанева која истакна дека повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмет.

„Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето O.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители“, потенцираше Јанева, на 10 август.

Зошто Јанева прво призна дека е нејзин гласот, а по исказот во ОЈО се предомисли и рече дека не смее да каже ништо поради истрагата?

„Мојве два телефони не се форматирани во обвинителство се на вештачење, а тој, тој е третиот ….“ Тотално несериозна и крајно не професионална изјава и став на еден обвинител кој ни помалку ни повеќе ја нарекуваме шефица на СЈО.

Кутриот Павлевски како мало дете кога рецитира ја тапкаше по рамо да не тресне уште некоја зелена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде