Македонската естрада е неисцрпен извор на неверојатни музички парчиња. Доколку не сте ги знаеле овие ремек дела од текстови и композиции, погледнете во продолжение за што се работи…

Никола Конзулов – Сакам, сакам, сакам

Омилен стих: Сакам, сакам, сакам, е баш и не те сакам…

Болеро бенд – Ординација

Омилен стих: Дојди кај мене во ординација, доктор стручен сум со гаранција…

Сотир Лалевски – Нема крај

Омилен стих: Само кажи јес! Симни се пред влез.

Макавели – Луѓето не можат никогаш да сфатат

Омилен стих: … барем еднаш на Господ поштовање да му направат.

Кисми – Курназ Томче

Омилен стих: (Цела прва строфа) Не сум глумец како Џон Траволта, ама пијам едно литро жолта.
Сиот живот само жени бркам, барем дрога не сакам да шмркам.

Роџер Брадрс – Здраво дечки

Омилен стих: Девојките ме сакаат дека личам на Лени Кравиц.

Денис Екс – Тато

Омилен стих: Сите гледаа на ТВ само Том и Џери, а ти на ѕид постер на Роко Сифреди.

Раде Пилето – Жените се неверни

Омилен стих: Еј проклета жено млада, младоста ми пропадна.

Били Ѕвер – Носам кондом

Омилен стих: А би те направил лом, со мене носам кондом.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде