Неколку стотина навивачи на Манчестер Јунајтед допатуваа во Барселона за да го поддржат својот клуб во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Навивачите на англискиот тим беа комплетно разочарани од условите на Камп Ноу, особено поради фактот дека заштитната ограда им го отежнуваше следењето на натпреварот. Исто така редарската служба не им дозволила да внесат шишиња со вода на трибините.

„120 евра, за ова!?“ – објави еден Англичанец на социјалните мрежи, чие разочарување е уште поголемо по елиминацијата на Манчестер Јунајтед од Лигата на шампионите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде