Бразилската суперѕвезда Нејмар доцна синоќа пристигнала во Барселона и се очекува во следните два дена официјално да стане играч на каталонскиот гигант, вторпат во кариерата.

Како што објавуваат медиумите во оваа шпанска покраина, тој долетал со својот приватен авион, а на аеродромот бил пречекан од Луис Суарес. Интересно е тоа што ниеден медиум не дознал, па немало новинари при слетувањето.

Каталонскиот весник Ел Мундо Депортиво објави дека во операцијата за трансферот на Нејмар се вклучил најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси кој, како што велат, лично му се јавил на Бразилецот да му каже дека го очекува во составот.

Новата сезона во шпанското првенство почнува в петок, Барселона гостува кај Атлетик Билбао, но како што стојат работите, во составот нема да бидат ни Меси, ни Нејмар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде