Запленетите возила кои ги има Агенцијата за управување со одземен може да ги отстапува на функционери, правобранители и инспектори според определени критериуми по класи на автомобилите и бодување, земајќи го во предвид новиот правилник кој стапи во сила.

Органите на државната управа, трговски друштва основани од Република Македонија, јавни претпријатија, агенции, јавни установи основани од државата, општини, независни регулаторни тела и други државни институции ќе добијат „бесплатен“ автомобил по поднесено барање на кое треба да им биде одговорено.

Агенцијата без надомест ќе отстапува возила, а по новиот правилник приоритет ќе имаат оние институции на кои не им било отстапено возило до сега, односно оние кои имаат најмалку бодови ќе имаат првенство. Бодувањето ќе важи и за состојбата на возилото, па така автомобил со вредност до 1.500 евра, постаро од 10 години, со поминати над 200.000 евра и во лоша состојба носи само 4 бода, што ја остава институцијата во можннот да побара уште еден таков.

Само функционери од рангот на премиерот и министрите може да добијат возило од висока класа како BMW 7, Mercedes S Class, Ауди А8 или Jaguar XJ.  Луксузна средна класа на возила како Audi A6 и Mercedes E може да добијат стручните служби во Владата и министерствата, претседателите на самостојните државни органи, раководителите на јавните претпријатија, агенции, јавни установи основани од државата, на судската власт и другите правосудни органи, како и градоначалниците.

Средна класа на возило, како што се Volkswagen Passat, Ford Mondeo, Opel Insignia, Peugeot 508, Mazda 6 може да добијат стручните служби кои работат во овие институции и општините.

Според критериумите, при доделување на вакво возило предност ќе има министерот пред директорот, а овој пред инспекторот итн. Претседателот на Собранието и на државата имаат поголема бодовна предност во однос на вицепремиерите, а овие пред секретарите, градоначалниците, обвинителите итн. Како критериум се зема и бројот на вработени со кој раководи барателот на автомобил.

За народот не остана ни криво магаре.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде