Претседателот на ГДУ Петар Колев денес во  Основниот суд  поднесе тужба против новинарот Иван Бојаџиски од Штип.  Според адвокатот Марјан Михов, Бојаџиски  во јавноста изнел  клевети и навреди  па од  судот бера  правна  и морална сатисфакција  за оштетениот Колев.

„Бараме да се утврди одговорност за навреда и клевета изнесени во весникот Штипски глас кој е локален весник. Во весникот се истакнува дека Петар Колев јавно врбувал кодоши, дека изнајмил простор во Тв Стар за негова политичка пропаганда и за навреда не ја признава мак. нација“ Изјава  Марјан Михов, адвокат на П. Колев)

Освен правда, Колев преку правникот застапник Михов бара  и материјална сатисфакција.

Доколку судот утврди бараме тужениот да плати 100.000 за навреда и клевета изјава Марјан Михов, адвокат на П. Колев

По подолг период ова е прва тужба од страна на политичар  против новинар кој во случајов е пензионираниот  но активен  новинар  Иван Бојаџиски.Но и Бојаџиски е политичар, претседател на штипскиот огранок на Партијата на пензионери , и е советник во Советот на општината. Адвокатот Михов  вели дека  во  спорниот текст стои.

“Воден од големиот порив да направи нешто од својот живот во нашата висока политика човекот на кого му ги посевтувам овие редови неодамна ја отвори и сезоната на јавно врбување кодоши. Секако, кодошите му се потребни за да ги оставрува своите политички цели. Нема кај него морал , етика, човекољубие, солидарност, барем таков не се има пројавено до овој момент.  Стои мегу другото  во  написот на Бојаџиски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде