Како што јавуваат светските медиуми, најголемите социјални мрежи не се достапни во повеќе делови од светот.

Корисниците ширум Европа имаат технички проблеми со користењето на Фејсбук, додека корисниците од Малезија и САД, покрај проблемите со Facebook, немаат пристап ни на Instagram и WhatsApp.

Неможноста за пристап на Facebook, Instagram и WhatsApp е забележана и во Република Северна Македонија. Интернет сајтот „Downdetector“ кој ги следи проблемите во работата на популарните социјални мрежи и сајтови, навел повеќе стотина забелешки на функционирањето на трите социјални мрежи во сопственост на Facebook.

Сајтот објавил и мапа и од деловите на светот од кои доаѓаат најмногу забелешки на работата на Facebook.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде