Некогашниот светски боксерски првак Владимир Кличко, доживеал вистинска драма на својата јахта на Средоземјето, во близина на шпанскиот брег. Имено неговата јахта се запалила а имал среќа што крајбрежната стража на Мајорка брзо реагирала и го спасила Украинецот.

“Без грижа, добри сме“ напишал на својот твитер Кличко и додаде: „Бидете внимателни што посакувате. Судбината на мојата желба за малку повеќе адреналин ја сфати буквално. Па така нашиот излет со бродот заврши со горење на истиот. Пријателите и моето семејство ги спаси крајбрежната стража“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде