из цел Иран во тек се спасувачки акции, а најмалку 60 луѓе загинаа во катастрофалните поплави, јавува Би-би-си.

Според новите предупредувања, браните во некои региони би можеле да се преплават, односно реките би можеле да поминат преку нив, што ќе предизвика дополнителна штета.

Десетици илјади луѓе се раселени, а многумина немаат пристап до основните производи – гладни се, немаат пристап до вода за пиење, немаат шатори и ќебиња.

„Досега, во цела историја на Иран, не сме се соочиле со вакви поплави. Силни се, и погодија 23 ирански провинции, што е многу невообичаено“, изјави климатологот Кавех Мадани. „Поплавите се инаку нормална појава во Иран, но овие се случија по долг сушен период и ги изненадија граѓаните и државните служби“.

За време на поплавите голем број патишта биле надвор од употреба, а жителите не знаеле каде и како да избегаат и многумина се скриле на покривите на своите куќи каде со денови ги чекале спасувачките служби.

Но, не настрадале само луѓето во овие невидени поплави. Според последните информации, загинале најмалку 4.500 крави и овци.

Експертите сметаат дека глобалното затоплување не единственото одговорно за оваа природна катастрофа.

„Изградивме премногу брани, многу градови, а луѓето се населија преблиску до коритата на реките“, смета Кавех Мадани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде