Ако копнеете по мир и тишина, ова место можеби е крајната дестинација за вас. Сокриено во седиштето на компанијата „Мајкрософт“ во Редмонд (Вашингтон), се наоѓа најтивкото место во светот.

Оваа просторија служи за најфини подесувања на звукот, од подесувања на слушалки, до совршен звук со клик на маусот.

Меѓутоа, фирмата открива дека за поголемиот дел од луѓето оваа просторија е премногу тивка, а никој не можел да мине повеќе од 45 минути внатре.

Малкубројни аутсајдери кои влегле тука се жалеле на се, од вознермирувачко гласно сопствено дишење, до ѕвонење во ушите и грчеви во стомакот.

– Некои луѓе доаѓаат на момент и сакаат веднаш надвор. Луѓето не можат да се носат со тоа, им зуи и нивниот мозок, рекол Хундрај Гопал, главен инжинер за човечки ресурси при Мајкрософт, и човек кој го водел тимот кој ја изградил оваа комора.

Гопал рекол дека рекордот за престој во собата, кој го Гинисовата книга на рекорди ја препознала како најтивко место на Земјата, е краток.

– Ова е најтивкото место на планетата, а најмногу што некој издржал да остане е 45 минути. Просторијата лебди на 68 опруги за амортизирање на вибрацијата и поставена е на темели одвоени од остатокот на зградата.

Во самата просторија подот е направен од челични кабли, какви се користат за задржување на авионите кои слетуваат на носачите, а кои, како мрежа, се поставни на клинови од фиберглас.

– Просторијата блокира 120 децибели, така што едвај би слушнале мотор на авион кој минува покрај неа. Само комората нечинеше 1,5 милиони долари, што покажува колку сме сериозни во врска со звукот, рекол Гопал.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде