Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста повторно не сакаат да се разведат! Иако уште минатата есен беше најавено дека брачната двојка ангажирала адвокат за развод на бракот, изгледа дека емоциите надвладеале и тие сепак сакаат да останат во заедница.

Ана и Раста се’ уште се сакаат и сега многу подобро функционираат отколку кога живееја заедно. Сакаа да се разведат, таа прва го потпиша барањето за развод, но раперот избегнуваше да ги потпише и добро направи. Очигледно, тој беше помудар и сфати дека тие недоразбирања ќе бидат минлива фаза. Таа е темпераментна и мошне емотивна, така што Раста знае дека умее да избрза. Но изгледа ништо од разводот. Иако не живеат заедно, редовно се посетуваат, Ана оди кај него во станот и таму седи со часови. Е сега, што прават и како се договориле, само тие знаат“, открива изворот за „Свет.рс“.

Угледниот адвокат Боривоје Боровиќ, чија канцеларија ги застапува сопружниците, ги потврдил сознанијата на „Свет“.

Можам да ви кажам само дека Ана и Раста не се разведоа, а не знам ни дали ќе се разведат“, кратко порачал адвокатот Боровиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде