Екипата на Валенсија ги израдува своите фанови на „Месталја“ со големата победа над Реал Мадрид (2:1), а со освоените бодови стигна блиску до позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Мотивираните домаќини одиграа одличен натпревар против лутиот ривал, а резултатот со убав удар го отвори Гуедеш во 35. минута. Точка на неизвесноста стави Гарај во 85. минута, a иако Бензема во последната минута од судиското продолжение ги постави конечните 2:1, Валенсија ја продолжи позитивната серија и стигна до уште еден важен триумф, по тој над Севилја изминатиот викенд.

Сега „лилјаците“ имаат 46 бодови или само еден помалку од Хетафе кој е на четвртото место, последно кое визира место во Лигата на шампионите. Реал со првиот пораз по враќањето на Зидан, сега заостанува пет бодови зад градскиот ривал Атлетико и тринаесет зад лидерот Барселона.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде