На крајот на јануари, Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со седум трофеи на грен-слемот Австралија Опен. Во финалната пресметка српскиот тенисер годинава го порази големиот ривал Рафаел Надал и ја збогати колекцијата трофеи од Мелбурн. Првиот успех го забележа во 2008 година, потоа славеше во 2011, 2012, 2013, 2015 и 2016 година. За последниот успех на Ѓоковиќ е направен филм кој го следи патот на годинашното издание, а потсетува и на претходните успеси.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде