Стравот дека една од најопасните дроги кристал мет веќе одамна се наоѓа на улиците на Сараево, докажува и веста од билтенот на Министерството за внатрешни работи на БиХ, за апсењето на дилери на дрога.

Сраевската полиција во центарот на градот пред два дена го уапсила 27-годишниот Е.М. кај кој се најдени пет пакети спид и три пакет кристал мет.

Кристал мет е дрога која лесно се синтетизира и брзо предизвикува зависност.

Целта на оние кои ја продаваат и произведуваат е  кај луѓето да постигнат зависност со која ќе ги заробат. Зависниците никогаш не се задоволуваат со една супстанца, секогаш експериментирале со повеќе видови дрога.

Кога ќе престане со земање на оваа дрога, зависникот не може да спие иако е уморен и има проблеми со концентртацијата. Кристал мет или како што сите го нарекуваат „кокаин за сиромашни“ лесно се произведува во домашни лаборатории и поевтин е од другите наркотици.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде