Луи ван Гал повторно го предизвика интересот на медиумите, овојпат со ново мислење поврзано со неговите колеги тренери.

Веќе пензионираниот холандски стручњак тврди дека на фудбалската сцена останал само еден тренер кој форсира офанзивен фудбал и тоа е Пеп Гвардиола.

– Остана само еден тренер кој форсира офанзивен фудбал – Пеп Гвардиола. Ернесто Валверде се обидува, но не е како Гвардиола, истото важи и за Јирген Клоп. Иако ова во моментов не значи ништо бидејќи Пеп нема титула со Сити во Лигата на шампионите.

– Јас го направив Гвардиола капитен на Барселона, поради неговиот однос на тренинзите и комуникацијата со другите фудбалери. Го сакав Пеп затоа што збореше само за фудбал и тактика, на тренинзите ми велеше: Мистер, Фиго и Стоичков треба да играат на крилните позиции, за да им додавам со затворени очи, – открива Ван Гал.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде