Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам доби статуа пред стадионот на ЛА Галакси, тим за кого играше од 2007 до 2012 година.

Некогашниот англиски репрезентативец, Дејвид Бекам по трофејниот период во Манчестер Јунајтед и четири сезони во Реал Мадрид, пред 12 години замина во МЛС-лигата, каде остави белег, по него дојдоа бројни ѕвезди од Европа.

Бекам за своите заслуги доби статуа од Галакси, која во сабоатата беше откриена пред почетокот на новата сезона во МЛС шампионатот.

Беше емотивно, успешно, освојувавме титула. Од првиот ден јас и моето семејство се чувствувавме како дома. За тоа секогаш ќе бидеме благодарни“, рече Бекам кој во дресот на Галакси дојде до две титули.

На откривање на статуата присуствуваше неговата сопрага Викторија, некогашниот тренер на ЛА Галакси, Брус Арена и некогашниот напаѓач Роби Кин.Бекам за пет години во ЛА Галакси одигра 98 натпревари, беше стрелец на 18 голови, имаше и 40 асистенции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде