Францускиот новинар Арно Бедат на Twitter ја сподели најстарата фотографија од Нотр Дам. Станува збор за дел од збирката на Музејот Орсеј.

Фотографијата е создадена во далечната 1842 година во текот на погребот на војводата од Орлеанс. Станува збор за дагеротипија, што значи дека фотографијата била директен позитив на плоча од посребрен бакар, добиена преку камера.

Многумина на социјалните мрежи споделуваат лични фотографии со спомени од Нотр Дам, кој важи за една од најголемите европски знаменитости.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде