Многумина би помислиле дека, познат по страшните метежи и пренаселеноста, Њујорк е најстресниот град во САД, но резултатите од најновата анкета покажуваат дека постои место каде е уште понапорно да се живее.

Имено, како што пишува “Independent”, ако може да им се верува на исказите на повеќе од 3.000 жители во Лос Анџелес, Њујорк, Далас, Чикаго и Мајами, кои откриваат дека дури 76 проценти од нив во “Градот на ангелите” чувствуваат зголемeен стрес секојдневно, “победничката позиција” ја зазема Лос Анџелес.

Жителите на Њујорк, сепак, не заостануваат многу, па 72 проценти од нив пријавиле секојдневен стрес, додека за Чикаго тоа го тврдат 65 проценти од жителите. Потоа следи Мајами (64%), Далас (48%), па Сан Франциско (44%), што сугерира дека жителите на север живеат помирно од своите сонародници од југот.

Исто така, анкетата истражила и колку жителите на одредени градови можат да издржат без одмор од работа, и резултатите покажале дека жителите на Лос Анџелес без пауза можат 10 и пол дена, додека жителите на Њујорк се подготвени да издржат седум дена подолго.

Испитаниците биле замолени и да одговорат кое конкретно место во градовите прави да се чувствуваат најтензично, па на прво и второ место во Лос Анџелес, судејќи по одговорите, се нашле Холивуд и Хајленд центар, додека во Њујорк тој примат му припаднал на Тајмс Сквер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде