Ѕвездата на Арсенал и поранешен германски репрезентативец, Месут Озил, го поканил лично турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на неговата свадба закажана за следново летото. 30-годишниот поранешен германски репрезентативец и неговата свршеницата Амине Ѓулше лично му ја предале свадбената покана на Ердоган за време на нивната специјална средба организирана на аеродромот во Истанбул.Последната средба меѓу Озил и турскиот претседател предизвика сериозни тензии во Германија.

Фудбалерот беше нападнат од германските медиуми непосредно пред Светското првенство во Русија минатата година. Акцентот беше ставен на затегнатите односи меѓу Германија и Турција. По скандалите, Месут Озил официјално се повлече од германската репрезентација. Тој рече дека не ја чувствува поддршката на Федерацијата, навивачите и јавноста и повеќе нема причина да игра за Германија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде