Плафон од тоалет   паднал во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Студент што престојувал во собата во која се наоѓал тоалетот преграден со гипс-картон вели дека ова не е прв ваков случај, а заедно со неговите цимери стравува дека доколку не се реагира, може некој да настрада.

Во моментот кога паднал плафонот имало тројца студенти.

Posted by Martin Miteski on Monday, March 4, 2019

„На спиење, некаде 2 часот по полноќ, падна плафонот граден од трска.  Гипс, трска и вода не може да издржи оти од пареата кондензира и по три години – паѓа. Ова го знае секој, а никој не презема активности за да се превенира на време“, вели студент од домот .

Студентите се чувствуваат сигурни бидејќи за нивната сигурност се грижи само Бог.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде