Пакистанската армија соопшти дека собориле два авиони на воздухопловните сили на Индија, во нејзиниот воздушен простор во Кашмир и дека е уапсен еден од пилотите.

Портпаролот на армијата Асиф Гхафор рече дека еден од авионите паднал на територија контролирана од страна на Пакистан, додека другиот се урнал на индискиот територија.

Индија започна во воздушни напади врз милитантите во Пакистан во вторникот.Нападите се одмазда за милитантните напади врз индиските војници во Кашмир.Тензиите се вжештени од самоубиствениот напад на 14 февруари, врз конвој на индиска паравоена полиција во кој загинаа најмалку 40 војници.

Пакистанскиот министер за надворешни работи вели дека изутринава пакистанските авиони започнале со напад на линијата на разграничување меѓу пакистанските и индиските сили во Кашмир.

Индија и Пакистан тврдат дека им припаѓа целиот Кашмир со мнозинско муслиманско население, но контролираат само делови од градот. Двете земји имаат три војни зад себе и ограничен конфликт од независноста од Велика Британија во 1947 година. Сите конфликти, освен еден, беа за Кашмир.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде