Папата Франциско сите средби со државниот врв, политичкиот и дипломатскиот кор ќе ги оствари во Вилата Водно. По слетувањето на аеродромот во скопје заминува кај  претседателот Ѓорѓе Иванов каде ќе биде пречекан со официјална церемонија во дворот на вилата. Првата средба е со Иванов како негов домаќин, потоа со премиерот Заев, а по него со претставници на политичкиот и општествениот живот во Македонија и дипломатскиот кор.

Папата во Македонија доаѓа за прв пат а ќе остане само 10 часа. На 7 мај доаѓа од Софија, на скопскиот аеродром ќе слета во 8 часот и 15 минути а си заминува во 18 часот и 30 минути.

Агендата на римокатоличкиот папа е многу  набиена а за време на посетата тој нема да оствари одделни средби со верските поглавари. Со сите нив ќе се сретне при посета на спомен куќата на Мајка Тереза. Римокатоличкиот папа првата историска миса во Македонија  ќе ја отслужи на градскиот плоштад. Според досегашната пракса на светиот престолот од Ватикан, папата по мисата ќе има обраќање за Македонија на кое ќе испрати и пораки за мир.

Ценејќи по официјалната агенда објавена од светиот престол, Папата преку овие заеднички средби во Македонија сака да испрати  голема политчка и верска порака за мир и сплотеност. Во тој дух е планирана и меѓурелигиска средба со младите од Македонија а потоа ќе ги посети и верниците католици во Катедралата Пресвето срце Исусово.

29 апостолско патување на Папата Франциск е најавено и официјално со лого на македонски јазик на кое пишува „Не бој се, мало стадо“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде