Шумскиот пожар кој два дена гореше во граничниот појас со Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село, утрово е изгаснат, информираат од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.

-Наши екипи, кои заедно со СВР Струмица, општина Ново Село и ТППЕ Струмица учествуваа во гаснењето на пожарот утрово констатираа дека пожарот е угаснат и нема можност да се прошири подлабоко во граничниот појас кон Бугарија, рече Никола Ристов од ШС „Беласица“ Струмица.

Општина Ново Село вчера формираше кризен штаб, а во гаснењето на пожарот, кој гореше во должина од три километри, учествуваа педесетина лица.

Во пожарот изгoре ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде