Некогашниот најдобар англиски судија, Марк Клатенбург даде свое видување за сомнителниот пенал на Манчестер Јунајтед по кој „Ѓаволите“ обезбедија неверојатна победа на „Паркот на принцовите“.

43 годишниот судија кој беше делител на правдата на финалето од Европското првенство во 2016 година смета дека тоа што го досуди Дамир Скомина не било пенал и никогаш не би се судело во Премиер лигата, но по најновите правила на УЕФА морало да биде покажано на белата точка.

-Да бидеме јасни, Дамир Скомина ги следеше правилата на УЕФА. Од ПСЖ се бесни и разбирам зошто. Ова за мене не требаше да биде пенал затоа што Преснел Кимбпембе не ја удри намерно топката со рака. Ова никогаш нема да биде досуден пенал во Премиер лигата, но се суди во Лигата на шампионите затоа што УЕФА во последно воведе некои нови инструкции до судиите- коментираше Клатенбург.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде