Имињата познати. Стево Пендаровски или Оливер Спасовски  во трката за претседател на државата од редовите на коалицијата СДСМ и ДУИ.

Е, сега ако се оди со Стево Пендаровски, СДСМ и ДУИ ќе одат со кандидат кој веќе еднаш ги има изгубено изборите со Ѓорге Иванов, додека Спасовски се покажа како квалитет отткако беше и генерален секретар, па министер во техничката влада, па и еве какао министер за внатрешни работи, и слободно можеме да констатираме дека станува збор за имиња кои немаат црна дамка во својата политичка кариера. Се вадеа муабети за Пендаровски од типот на „Зошто не бил во авионот“ пробуваа неколкумина да го оцрнат неговото име, но очигледно не им успеа и постигна многу добар резултат во време кога владееше и беше „бетониран“ Груевизмот.

Прес Центар неколку пати проба да се протне со штос теми за да откриеме кој е правиот избот на премиерот Заев, но не успеавме. Единствено што успеавме е дознаеме дека само овие двајца ќе се во трка какао консензуален кандидат за претседател од редовите на СДСМ и ДУИ. Ни преостануваат неколку часа до дознавањето на тоа кој ќе се „бори“ со Силјановска – Давкова од ВМРО ДПМНЕ, Амбди Бајрам итн, и секако ќе успееме да пробаме да бидеме први во Известувањето. Познавајќи го премиерот, мислиме како редакција дека нема да оди со Скопскиот кадар, бидејќи во пракса се покажало дека се што е надвор од Скопје носи успех, па да видиме дали сме во право или не …

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде