Кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски во преполната спортска сала „Форца“, ги повика вчера карпошани да гласаат масовно на претседателските избори.

-Нужно е да излеземе во што е можно поголем број и да дадем потврда на политиките на оваа Влада. Во спротивно Македонија се враќа во темниот тунел на грувизацијата. Би ве замолил за максимална политичка мобилизација во првиот и вториот круг, затоа што заедничката победа нема да дојде сама од себе. Ако некој мисли да не излегува на гласање дека друг ќе заврши работа, или дека разликата ќе биде толкава да можеме да апстинираме овој пат, биде уверени дек може непријатно да бидеме изненадени. Оние кои се против ќе излезат од 7.00 како војска ќе се постројат и ќе гласаат онака како што ќе им каже нивниот лидер. Дека таму постои партиска дисциплина која не води сметка за државните и националните интересо на Република Северна Македонија е јасно, тоа го видовме на референдумот кога им рекоа да не излезат од дома, и тие навистина не излегоа од дома –  порача Пендаровски.

Тој на шала им се обрати на карпошани и рече дека има намера да победи со голема разлика пред Гордана Силјановска.

-Во 2016 година победивме многу на малку, 2017 дојдов да му помогнам на еден од најдобрите млади градоначалници. Победивме многу на малку. Ако не победиме на 21.05 многу на малку, немојте да ми излегувате пред очи – рече Пендаровски.

Тој ја прокоментира изјавата на Силјановска, каде претходно рече дека е смешно Пендаровски да тврди дека во 2014 година му била украдена победата.

Пред капрошани и се обрати и Бубо Каров, Цацко к-15 кој во негов стил кажа „Стево че и ја скине кичмата“ и дека после победата за овој скеч ќе снима нов спот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде