На 17.03.2019 околу 04.30 часот на место викано „Трската“ во Берово, патничко возило „Сеат леон“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(27) од село Умлена, пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот. Притоа со повреди се здобиле возачот и четворицата сопатници М.Т.(27), М.Т.(27), М.П.(32), тројцата од село Смојмирово и  П.П.(23) од Пехчево. Сите биле пренесени во Здравствен дом Берово каде им била укажана лекарска помош, по што П.П. и М.Т. биле пренесени во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде