Јапонски суд соопшти дека го одобрил барањето за пуштање на слобода со кауција на притворениот поранешен претседател на автомобилската компанија Нисан, Карлос Гон, кој е обвинет за фалсификување на финансиските извештаи и нарушување на довербата.

Окружниот суд во Токио соопшти дека Гон ќе биде пуштен со кауција од милијарда јени (8,9 милиони долари). По три месеци минати во притвор, се очекува тој денеска да биде пуштен да се брани од слобода.

Гон раководеше со групацијата на три светски произведувачи на автомобили – Рено-Нисан-Мицибуши, на два континенти како главен извршен директор и претседател.

Тој беше уапсен на 19 ноември откако Нисан ги откри неговите долгогодишни финансиски прекршоци во милионски износи, вклучувајќи прикажување помал приход од реалниот и користење на пари на компанијата за лични потреби.

Гон ги отфрла обвиненијата за финансиски малверзации.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде