Пнеумококна бактерија е можна причина за вчерашната смрт на двеиполгодишното девојче од Скопје на Клиниката за детски болести, но тоа треба да го потврдат и испитувањата кои се уште се прават.Според првичните резултати се работи за пнеумококна бактерија, односно инвазивна пнеумококна болест.Кога беше примено тоа имаше тешка клиничка слика на сепса, изјави денеска директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ.
Она што бара посебно објаснување е тоа што девојчето претходно било релативно здраво. Тоа имало знаци на респираторен инфект заради што било третирано една недела од страна на матичен лекар. Меѓутоа, во тој период состојбата очигледно се влошила по што тоа било донесено на Клиниката и било примено на одделот за интензивна нега, каде било поставено на респиратор. Сепак, состојбата брзо станала критична и тоа по 12 часа од приемот починало.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде