Кривичниот суд во Скопје им изрече казна затвор во траење од 19 години за кривично дело убиство на Бесир Беља и Скендер Демири, коишто на  29 јуни 2018 година смртно го повредија дваесетгодишниот Никола Саздовски. Дополнително, обвинетите се задолжуваат да исплатат по 1.200.000 денари (19.500 евра) на родителите и на братот на убиениот.

Третоосомничениот сè уште е недостапен за органите на прогонот и по него е распишана домашна и меѓународна потерница.

Саздовски беше нападнат со скопската населба Автокоманда при што му биле нанесени тешки повреди во пределот на главата. Почина на КАРИЛ на 9 јули 2018 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде