Младиот тим на Ајакс синоќа направи ново големо изненадување во Лигата на шампини и го елиминираше еден од главните фаворити, Јувентус, победувајќи го во Торино со 2:1.

Јувентус по испаѓањето во четвртфиналето доживеа огромна загуба. Нивната вредност на акции имаше најголем пад на берзта и тоа од 20,92% и во моментов вредат 1.356 евра.

Тоа е втор ден по ред како акциите на клубот да паѓаат за 20%. Тој пад најмногу ќе го погоди семејството Ањели, кое има најголем дел од акциите од клубот, но секако никој од акционерите на клубот не може да спие мирно поради ваквата загуба.

Пресметано во пари, вредноста на Јувентус синоќа се намали за неверојатни 400 милиони евра!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде