Неда Арнериќ, една од најреномираните српски и југословенски актерки, од синоќа е во тешка состојба в болница во Белград. Според српските медиуми, братот ја нашол онесвестена во станот, откако со бравар ја обил бравата на влезната врата оти не успеал да ја добие на телефон. Засега нема информации зошто и се слошило.

Завчера Арнериќ не дојде на премиерата на филмот во кој игра, што се прикажа на белградскиот филмски фестивал Фест.

Во средината на декември почина сопругот на Арнериќ, д-р Милорад Мештеровиќ, но таа веста за неговата смрт ја споделила само со најтесен круг пријатели. Пред три години Арнериќ паднала од терасата на станот на трети кат, при што го повредила ‘рбетниот столб.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде