Екипата на Широки Бријег во чии редови работи македонскиот тренер Гоце Седлоски доживеа голем шок, затоа што остана без 23-годишниот голман Крешимир Бандиќ, кој ненадејно починал.

Како што јавуваат медиумите од Босна, младиот чувар на мрежата починал од инфаркт додека бил на гости кај пријател во куќа во Мостар. Повеќе информации за смртта на младиот фудбалер се најавени во наредниот период.

Крешимир Бандиќ кариерата ја почна во младинскиот погон на Зрињски, каде подоцна настапи и за првиот тим. Покрај од тимот на Широки, беше дел од и од екипата на Бранитељ Мостар.

Бандиќ оваа сезона бранеше на три меча во Босна и Херцеговина. Широки Бријег се наоѓа на третото место во шампионатот, зад Сараево и Зрињски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде